Скопје/Охрид, 6. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Неодамна беше пуштена во употреба заедничка поштенска марка на „Македонска пошта“ и Федералното претпријатие „Марка“ од Русија, со мотиви на Охрид и Санкт Петербург.
Од „Македонска пошта“ соопштија дека издавањето заеднички поштенски марки за промоција и развој на туризмот ќе продолжи и во иднина. Следна иницијатива ќе биде печатење заедничка поштенска марка со Поштата на Јапонија, активност која е подржана и од Амбасадата на Република Македонија во Јапонија.
Во Скопје денеска ќе биде промовирано заедничко издание на руско-македонски поштенски марки.
Настанот се организира во рамките на одбележување на 23-та годишнина од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Русија и Македонија од страна на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија со поддршка на АД „Македонска пошта“.
Марките беа издадени во декември 2016 година во Русија и Македонија. Тема се архитектурни знаменитости на Охрид и Санкт Петербург. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива