Охрид, 14. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Здружението на граѓани „Св. Василиј“ и населението на селото Куратица ги покануваат сите посетители, гости, но и туристи вечерва да го проследат главниот дел од Василичарскиот Карневал „Куратица 2017“.
Карневалот започна синоќа во 18:00 часот со тргнување на василичарската поворка од пред васличарскиот оган, во посета на сите домаќинства.
Денес ќе се случуваат поголемиот број од предвидените активности.
Од 14 часот ќе има делење на традиционалната храна (вареница или варејнца) и пијалок.
– Од 18:00 часот е почетокот на завршното василичарско празнување. Бројните маски ќе продефилираат низ селото. За музиката се задолжени групата Форум и музичарот Туше. Околу 22:30 часот е прогласувањето на најдобрите маски, проследено со огномет, информира Горан Ангелоски, претседател на Советот на месна заедница Куратица.
Околу 01:00 часот привршуваат сите василичарски празнувања. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива