мај 5, 2017

Охрид, 5. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во изминативе два дена најмладите имаа можност да ги слушнат новите 13 песни од фестивалот не детска песна „Распеано рибарче“.

Главната фестивалска приредба отворена за граѓаните, авторите на песните и најблиските на децата изведувачи е вечерва од 19 часот. Покровител на фестивалот и годинава е Општина Охрид.

Уметнички директор на детскиот фестивал е Методија Бараковски. Како што кажа деновиве, само со голема љубов кон децата, може да се организира ваква манифестација.

– Децата самите учествуваат, пеат, играат и ги забавуваат своите врсници. И годинава, покрај сите финансиски потешкотии, успеавме да го направиме фестивалот на ниво. Песните се весели, певливи и прифатливи кај децата. Сцената е магија за секој млад човек, а помага и во формирањето на нивните карактери, додава Бараковски.

Наредната година фестивалот ќе го слави својот јубилеј од 20 години постоење. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука