септември 29, 2021

Скопје/Охрид, 29. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва на Тв24 ќе се одржи првото јавно соочување – дебата на кандидатите за градоначалници на Охрид.

Гости во емисијата „Анализа“ со Биљана Секуловска, вечерва, во 20:45 минути ќе бидат д-р Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, д-р Константин Георгиески од СДСМ и Гоце Цветковски од ТМРО.

– Како Охрид да го зачува статусот светско наследство на листата на УНЕСКО? Како да се спречи бетонизацијата на крајбрежјето, кои се решенијата за дивоградбите, како да се заштити еко-системот на езерото – се само дел од темите за кои ќе се разговара. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Тв24

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука