Охрид, 23. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва и утревечер ќе се одржи второто издание на Ohrid Jazz Festival, во организација на Општина Охрид.
Манифестацијата започна минатата година во насока на збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации.
Вечерва ќе настапат Драган и Ратко Даутовски со проектот „Звукот на исконот“, а за утревечер е предвиден настапот на Наташа Миха Трио со Наташа Миха (вокал) и Дамир Имери на пијано и Иван Бејков на бас.
Ohrid Jazz Festival ќе се одржи во предворјето на црквата „Св. Софија“ со почеток во 20:30 часот, а влезот е слободен (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 143