Струга, 28. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва од 19:00 часот на ракометното игралиште во Струга ќе се одржи кик-бокс спектакл наречен „Fight 4 Glory“ на Бени Османоски.
Тој е од струшко Октиси и е освојувач на 6 светски титули, 4 европски и 4 швајцарски титули.
Неодамна Османоски беше прогласен за најдобар кик-боксер на градот Биел во Швајцарија за 2022 година. Наградата што ја добива петти пат му ја додели швајцарската министерка за спорт и градоначалникот на Биел. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26