Охрид, 10. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во Големата сала на Општина Охрид, вечерва со почеток во 19:00 часот ќе се одржи концерт насловен како „Заедно за Охрид“.
– Премиерно ќе бидат изведени 15 хорски аранжмани на народни песни од Република Македонија на композиторот Илија Рајковиќ, информираат организаторите.
Настанот е дел од проектот „Декада на припадност-славење на различностите“, поддржан од ЕУ, а имплементиран од ЛАР Струга и Здружението „Креативни и активни“ од Струга. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 16