Охрид, 11. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, со почеток од 22:00 часот, на сцената на „Долни Сарај“ во Охрид, концерт ќе одржи Националниот џез оркестар, а гостин на концертот кој ќе биде диригиран од страна на маестро Џијан Емин, ќе биде Васил Хаџиманов, истакнат српски пијанист и композитор со македонско потекло.
Потекнува од семејство на музичари, неговиот татко е познатиот пеач, композитор и актер, Зафир Хаџиманов, а мајка познатата пејачка и актерка, Сенка Велетанлиќ.
Васил уште од мали нозе покажува исклучителен музички талент и започува со своето формално образование по класичен пијано, но набрзо навлегува во џезот и фјужн-музиката, црпејќи инспирација од различни музички традиции, вклучувајќи ја балканската, африканската и индиската музика.
На концертот во „Долни Сарај“ ќе бидат изведени дел од неговите најпознати композиции, како и композиции од неодамна промовираниот албум „Keyf“ за кои аранжманите ги направија Владимир Николов, Тони Китановски и самиот Хаџиманов. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива