Охрид, 16. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на ВИС „Билјана“ од Охрид, вечерва, со почеток во 19:00 часот, на плажата „Сараиште“ ќе се одржи концертот „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“.
– Почитувани пријатели, со огромна чест и задоволство ве покануваме да бидете дел од овој настан. Влезот е слободен, но ќе биде поставена кутија за донации и целата собрана сума ќе биде донирана за децата од ранливи категории, информираат од вокално инструменталниот состав „Билјана“.
Додаваат дека бидејќи концертот ќе се одржи на плажа, посетителите да си понесат перниче, крпа и столче за седење. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 95