јануари 17, 2017

Охрид, 17. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид за пропратните активности за празникот Богојавление – Водици, пред охриѓани премиерно ќе го прикаже документарниот филм „Танцот на пастрмките“.

– Филмот е сниман пет години во Охридското Езеро, за време на мрестот на рибите. Потоа, следува и изложба на подводна фотографија. Од сите слики кои ќе бидат изложени, средствата кои ќе бидат собрани, ќе бидат наменети за лицата од социјален ризик, вели Милован Секуловски, од Нуркачкиот центар „Амфора“.

Хуманитарниот дел од акцијата ќе биде во соработка со црвен крст Охрид.

Проекцијата на филмот ќе биде со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука