февруари 1, 2017

Скопје/Охрид, 01. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) — Центарот за истражување на предисторијата вечерва ќе ја организира промоцијата на книгата „Македонските бронзи: религијата и митологијата на железнодобните заедници од Средниот Балкан“ на проф. д-р Никос Чаусидис.

Промоцијата ќе се одржи во 20:00 часот, во Археолошкиот музеј на Македонија.

Монографијата ги обработува македонските бронзи – археолошки предмети од VIII – VI век пр.н.е., пронајдени во Македонија. Дел од овие артефакти, кои се спомнати во книгата, се пронајдени на тлото на Охрид. Голем дел бронзени предмети, беа пронајдени летово во Охрид, кога беа откриени 85 гроба од кои 12 датираат од македонско-хеленистички период, односно некаде од трети и втори век пред наша ера, а останатите се од османлискиот период, од 15 до крајот на 18 век. Меѓу артефактите беа пронајдени бронзени садови, бронзени копчиња и други предмети. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука