Охрид, 6. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Традиционално, со настап на нашите фолклорни амбасадори, ансамблот „Танец“, вечерва на Долни Сарај ќе биде подигната завесата на 56-от Балкански фестивал на народни песни и игри.
Во рамки на четирите фестивалски вечери ќе настапат ансамбли од Србија, Хрватска, Бугарија,Албанија, Грција, Австралија и Македонија.
Целта на овој фестивал е зближување на културите, размена на искуства, презентирање на автентичното фолклорно богатство на балканските и прибалканските земји, истакна програмскиот координатор на фестивалот, Славко Упевче.
– Покрај „Танец“, во овие четири дена ќе ги ги видиме КУД „Разиграна Македонка“ кои ни доаѓаат од Квинбијан, Австралија, а после повеќе години настапува Асоцијација на жени играорки „Орма Пелас“ од Воден, Грција. Следната вечер ќе настапи ансамблот „Традиција“ од Трстеник, Србија , како и ансамблот „Пирамида“ од Охрид, од муслиманската националност. За учество се најави иансамбл од Хрватска, а севеченото затворање на фестивалот ќе биде со ансамблот Отекс од Охрид, истакна Упевче.
Придружна манифестација на фестивалот е изложбата на дела од странски автори. Во изложбениот салон при Центарот за култура се поставени 30 – на слики и фотографии кои се дел од над 200 дела кои националната установа во текот на овие години ги има сублимирано во својата колекција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива