јули 9, 2019

Охрид, 9. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва од 20:00 часот во големата сала на општина Охрид, ќе се одржи трибина во врска со начинот на функционирање на системот за електронско евидентирење на движењето на моторните возила во Стариот дел од градот.

Оваа втора средба е во насока на подетално запознавање на жителите од овој дел на градот со новините пред системот да биде пуштен во употреба. Системот е веќе готов, рампите се поставени, а направена е и реевиденција на картичките

Начинот на кој ќе функционира системот е поприлично изменет во споредба со лани. По консултации со Секорот за комунален развој и сообраќај и СВР Охрид, со оглед дека претстои отворањето на фестивалот „Охридско лето“, а системот сепак има новитети, па на почетокот може да се јават ситни проблеми, донесена е одлука летниот сообраќаен ражим да стартува од идниот понеделник. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука