Охрид, 6. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложбата на уметничка фотографија „Охрид од високо” на младата охриѓанка Нина Анѓелоска.
Ова е трета самостојна изложба на Анѓелоска, а е по повод одбележувањето на 80 годишнината од ослободувањето на Охрид.
– Се надевам дека со вашето присуство дополнително ќе ја разубавите вечерта во која заедно ќе уживаме во уметничките дела кои понатаму ќе остават трајни спомени во нашите животи. Понесете си позитивна енергија и многу љубов, порачува Анѓелоска.
Отворањето на изложбата е во 18:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 163