октомври 18, 2019

Охрид, 18. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во клубот „Awake“ во Охрид ќе се одржи хуманитарна забава „Од младите за Јана“ за собирање средства за помош на нашата Јана Арсовска.

– Младите се иднината, младите се двигателите на општествените промени и симбол за убавина, напредок и стремеж кон подобро. Под иницијатива на млади лица се организира хуманитарна забава за Јана под слоганот „Од младите за Јана“. Младите се собраа за поддршка на уште еден млад живот во бобрата со злото на денешницата – канцерот. Промените ги прават младите, а ние ајде да им се придружиме сите зедно да успеат да ја остварат нивната зацртана цел во петок на 18-ти октомври 2019 година. Сите заедно на исто место, со иста цел, со иста љубов, надеж и поддршка да дадеме нов почеток за Јана. Животот е убав кога знаеш дека си помогнал некому, кога занаеш дека токму ТИ си причина за нечија насмевка и среќа. Нашето „малку“ за Јана значи премногу. Охрид е мал град, но срцата на охриѓани се поголеми од овој град. Не сме сите створени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов и голема поддршка. Хуманоста има широка насмевка. Затоа драги мои луѓе, ве очекуваме во што поголем број во клубот „Awake“, каде забавата ќе започне од 21:00 часот. Билети по цена од 100 денари ќе се продаваат на Градскиот плоштад во Охрид од 10:00 до 13:00 часот и од 17:00 до 20:00 часот, и во петок на влезот во клубот. Сите заинтересирани можат да резервираат и маса по цена од 500 денари на телефонот 076/747-470, информираат организаторите од Унијата на средношколците од Охрид, со голема поддршка од професор Ивана Маховска Шикалеска.

No photo description available.

Помош и’ е потребна на 33-годишната Јана Арсовска од Охрид, која веќе петта година се бори со редок вид на рак. Во 2015 година, на Јана ѝ беше дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.

Броеви за донирање од Македонија:
Т-Мобиле 143 143
А1 143 467

За донации преку жиро-сметка од Македонија:
5305-0001-0490-410, Охридска Банка

За хуманите луѓе надвор од Македонија: gofundme.com/hopeforjana

или преку жиро-сметка на:

IBAN:MK07530280003077681
SWIFT: OHRDMK22

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука