Охрид, 16. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – По повод почетокот на престојните велигденски пости, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека во недела, на 18-ти февруари – Прочка, во црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско – Охрид, со почеток во 16:00 часот, ќе се служи вечерна богослужба (едноцрквие).
Од МПЦ-ОА информираат дека од понеделник до четврток ќе има едноцрквие во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско.
– Утрена со часови и вечерна во 07:00 часот
– Големо повечерие со канонот на Св. Андреј Критски 16:00 часот
– Среда 21.02.2018 година архиерејска преждеосвештена литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреовештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
– петок 23.02.2018 година – утрена со часови и преждеосвештена литургија во 06:00 часот
– 16:00 часот – мало повечерие и Акатист на Пресвета Богородица
На првиот акатист од Велигденскиот пост Неговото Високопреосвештенство Митрополит господин Тимотеј ќе богослужи во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско. Во петок богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.
– сабота 24.02.2018 година – Тодорова сабота Архиерејска литургија во манастирот „Св. Климент и Св. Пантелејмон“ на Плаошник, со почеток во 08:45 часот на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Тимотеј.
– недела 25.02.2018 – Недела на Павославието Архиерејска литургија во црквата „Св. Никола“ – Геракомија, со почеток во 08:45 часот на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Тимотеј. (Крај)
извор: МПЦ-ОА фото: архива