Охрид, 2. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод утрешниот празник „Св. Наум Охридски“, вечерва со почеток во 19:00 часот, во истоимениот манастир ќе се служи празнична вечерна богослужба.
Со богослужбата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Утре, пак, на денот на празникот, со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Свети Наум остана во споменот на народот како чудотворец, со моќ да лекува и за време на животот и по смртта, да помага при најразлични болести и на луѓе од разни вероисповести, односно на сите што искрено и со верба му се обраќале, без разлика на вера и народност. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива