Охрид, 3. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот Св.апостол Тимотеј во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник ќе се служи вечерна богослужба, информираат од Дебарско-кичевската епархија.
Богослужбата е со почеток во 16:00 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Утре пак со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24