Вевчани, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – како дел од настаните предвидени за годинешното издание на „Вевчанско лето 2024“, а како потсетување на немилите настани кои се случија на денешен ден во 1987 година, вечерва во годрото Вевчани ќе се одржи „Вечер на непокорот“.
Во Мултикултурниот центар во Вевчани, со почеток во 21:00 часот ќе биде отворена изложбата „Вевчанските уметници од Вевчани за Вевчани“ со дела на Никола Угриноски, Перо Шутиноски, Симун Коруноски, Коста Костоски, Симун Лепоски, Боро Даскал, Кристо Чочороски, Гордана Алулоска, Гаврило Парталоски, Ана Чоловиќ Лешоска и Јана Парталоска.
Покровител на настанот на кој е предвидено и музичко дружење со „Коста Костоски & Драма“ е општина Вевчани. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 185