Манчестер, 24. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вејн Руни ќе остане во Манчестер јунајтед најмалку до крајот на оваа сезона, откако најдобриот стрелец во историјата на „црвените ѓаволи“ соопшти дека нема да се пресели во Кина, како што шпекулираа англиските медиуми.
Тој за официјалната интернет страна на клубот изјавил дека нема да замине од Јунајтед иако кинезите му нудат вртоглави суми , без оглед на фактот дека поголемиот дел од сезонава го помина на клупата за резерви.
Руни и понатаму останува најплатен фудбалер на „црвените ѓаволи“ со плата од 300.000 фунти неделно. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 14