јануари 26, 2015

Прага, 26. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска и утре ќе учествува на Четвртиот меѓународен форум „Let My People Live!” во Прага, Чешка Република.

Вељаноски е во Чешка на покана на спикерот на Домот на пратеници на Парламентот на Чешката Република, Јан Хамачек, претседателот на Сенатот на Парламентот на Чешката Република, Милан Штех и претседателот на Европскиот еврејски конгрес, Моше Кантор.

На овој настан ќе се одбележи 70 годишнината од победата над фашизмот и ослободувањето од логорите на смртта во Европа.

Форумот ќе се фокусира на 3 панел дискусии за растот на антисемитизмот, расизмот и политичкиот и религиски екстремизам во Европа. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука