јули 19, 2019

Охрид, 19. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Иако е една од точките кои се високо на листата на УНЕСКО, нема соодветно решение за депонијата „Буково“.

Таа гори и испушта големи количини чад во воздухот веќе 13-ти ден, без никој да направи барем основна анализа за последиците по здравјето на луѓето или да побара одговорност.

Југозападниот плански регион оваа година мора да изнајде решение за изградба на регионална депонија. Според препораката на УНЕСКО, депонијата „Буково“ мора да се затвори до декември 2020 година. Со тоа Охрид ќе остане без можност каде да го депонира отпадот.

Претходно беше предложена локација кај Дебарца, но според најголемиот дел од експертската јавност истата е неприфатлива поради сливното подрачје на Охридското Езеро. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука