Гостивар/Струга/Охрид, 25. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Младиот македонски пејач, Мите Пауноски сними нова песна со видео запис „Денот да почне со тебе“.
Автор на музиката и аранжманот е Лазар Цветкоски, а автор на текстот е Магдалена Цветкоска Ена. По предходните изданија на Мите за песните „Далеку од очи, далеку од срце“, „Како да ти кажам збогум“, „Кажи место, кажи време“, ова е негово четврто издание и наскоро сите негови изданија ќе се најдат на првиот студиски албум.
Видео записот е изработен од тимот на „Горила Филмс“ а е сниман на локации во Љубаништа – Охрид и „Хотел Изгрев“ во Струга. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27