јули 6, 2017

Охрид, 6. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Големиот бор стар повеќе децении во култниот ресторан „Летница” во Охрид рано утрово го исекоа екипи на „Паркови и зеленило” при „Охридски комуналец”.

Под сенката на ова дрво, заедно со уште неколку други беше целата тераса на „Летница“ и беше своевиден симбол на градот. Неофицијално, Супер радио и OhridPress дознаваат дека дрвото било пресечено поради тоа што „било труло и претставувало опасност за граѓаните“.

drvoletnica4drvoletnica5Неодамна, за време на одржувањето на манифестацијата „Охрид трчаТ“ паднапоголема гранка од ова дрво, но за среќа во инцидентот немаше повредени лица.

Ова не е прв пат да се сечат дрвјата во централното градско подрачје. Охриѓани бурно реагираа на сечењето на дрвјата на улицата „Партизанска“, а за „масакрот“ на улицата „Димитар Влахов“ се покрена петиција и собирање потписи од страна на Супер радио за спречување на безумието.

Погледнете го видеото.
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука