Оксфорд, 10. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Видот на филџанот во кој се служи кафе влијае на вкусот, аромата и интензитетот.
Ова го тврди студија на Универзитетот Оксфорд, спроведена меѓу 300 учесници од Колумбија, Велика Британија и Кина. Спроведениот експеримент од англиски научници открил чудна аномалија – кога пијалокот нѝ е сервиран во висока чаша, ние автоматски очекуваме вкусот да е „сладок”, а мирисот да биде слаб. А всушност тесните чаши прават пијалокот да нѝ биде горчлив отколку ако е во поширок сад.
Авторите на студијата сугерираат дека „горчината” е всушност резултат од очекувањето на луѓето кафето им да содржи помалку млеко или вода, кога е во ниска порцеланска чаша, отколку кога е во висока. Истражувачите докажале и уште една интересна игра на умот. Формата и висината на чашата влијаат дури и на склоноста однапред да платиме одредена сума за пијалокот. (Крај)
извор: think-ahead фото: архива