News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 24, 2024

Охрид, 24. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Претстојниов викенд, ноќта помеѓу 26-ти и 27-ми октомври ќе започне зимското сметање на времето.

Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час наназад, со што времето во 03:00 ќе се смета за 02:00 часот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука