јули 3, 2019

Охрид, 3. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Претстојниов викенд, 6-ти и 7-ми јули, Охрид ќе биде домаќин на ЕТУ Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019, во организација на Македонската триатлон федерација и локалниот организатор „Спорт за сите, сите за спорт“.

Претседателот на федерацијата Иван Михајловски очекува се да помине во најдобар ред.

– Втора година по ред Охрид ќе биде домаќин на голем триатлонски настан. Одличното искуство од ланското ЕТУ Балканско првенство што го реализиравме на истата локација, нѐ измотовира и годинава да направиме уште еден натпревар со кој триатлонската заедница во нашата земја ќе се гордее, истакна Михајловски.

Стартот и целта на натпреварите ќе биде на плажата Buffalo Beach. Трката наменета за јуниори, родени помеѓу 2000 и 2003 година ќе се состои од: 750 метри пливање, 20 километри велосипед и 5 километри трчање.

Настанот е под покровителство на општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука