јануари 16, 2017

Скопје, 16. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Викендов ненадејно почина познатиот маесто, музичар и диригент Саша Николовски-Ѓумар.

Ѓумар почина на 50-годишна возраст. Роден е во Битола во 1966 година.

Ѓумар важи за еден од најдобрите македонски диригенти, а во изминативе години реализирал бројни музички, сценски и други проекти, но и бројни соработки со многу македонски музички имиња. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Вистина.мк

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука