Охрид, 13. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во реализација на колектив АРХРИД, од 15-ти до 17-ти Ноември 2024 година, во охридската Касарна ќе се одржи Фестивал на волонтерски АКТ.
– По нeколку точки на препреки и адаптации, конечно неколку инцијативи преминаа во проект, а до јавноста проектот го доближуваме со концепт на фестивал. Нашата идеја е дека периодичноста ќе се повтори и ќе прерасне во декадна историја, порачуваат организаторите.
Фестивалот ќе трае три дена, а ќе се одржи викендов, од 15-ти до 17-ти Ноември.
– Три дена-9 чина, драма на волонтерски дух, ќе се активираме, ќе креираме и трансформираме. Локацијата е кај вторана Пеперутка, во Касарна, потенцираат од колектив АРХРИД. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 104