Охрид, 28. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охридските нуркачи, организирани во здруженија или како поединци, полека прераснуваат во вистински лидери во ЕКО културата и заштитата на животната средина во Охрид.
Од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид за викендов ја најавуваат Меѓународната еколошката акција за чистење на Охридското Езеро „Охрид ЕКО 2022“, која ќе се одржи во сабота, на 30-ти април 2022 година, со почеток во 10:30 часот.
– Во еколошката акција ќе земаат учество нуркачи од Република Македонија како и нуркачи од странство. За да можеме на време да започнеме со акцијата, нуркачите да бидат на Градското пристаниште во 09:00 часот со комплетна нуркачка опрема. Ручек за учесниците е предвиден по завршување на акцијата во 13:00 часот. Во недела, на први мај 2022 година, од 10:30 часот за сите учесници, Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид ќе организира нуркање на подводниот археолошки локалитет „Плоча Миќов град“, порачуваат од „Амфора“.
Сите заинтересирани нуркачи, дополнителни информации во врска со пријавување можат да ги добијат на e-mail адресата [email protected]. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива