Охрид, 6. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од понудата во пресрет на почетокот на летната сезона, викендов ќе се одржи забава на брод – Sunset boat party.
Организаторите најавуваат врвна забава и мини крстарење со бродот „Галеб“.
– Тргнувањето е од охридското пристаниште во сабота на 14-ти јули во 19:00 часот. За забавата ќе бидат задолжени Dj Igorr и Dj Peppi од Global spirit кои ветуваат одлична четири часовна забава. Билетот чини само 5 евра, информираат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 31