февруари 14, 2015

Битола/Скопје, 14. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Младиот музичар Виктор Апостоловски, кој го промовираше неговиот прв албум „Во моите сни“, на слушателите им ја подарува насловната, истоимена тема на албумот.

Битолчанецот Апостоловски јавноста го запозна како еден од финалистите на талент музичкото шоу „Македонски идол“.

Пред промоцијата на албумот, тој го презентираше и видео спотот за песната „Другата во тебе“.

За деби албумот, Апостоловски соработува со композиторот Зоран Алексиќ, студиото Sky Eye Entertainment и Рената Кралевска како текстописец. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука