Охрид, 3. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Наставничката Виолета Петковска од ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид е рангирана меѓу 100 најдобри наставници во светот според „Global Teacher Awards“.
Наградата се доделува за особен придонес во својата професија, како на локално така и на глобално ниво.
На овој избор за најдобар наставник биле предложени наставници од 70 земји. Покрај Виолета Петковска, наградени се уште тројца наставници од Македонија: Елизабета Николовска, Аида Петровска и Георгина Димова.
Изборот на најдобри наставници е спроведен од Alert Knowledge Services (AKS) од Индија кој соработува со училишта од целиот свет на едукација на директори на училишта, наставници, библиотекари, советници во образование со една единствена цел – изградба на подобро општество преку образование.
Кон средината на септември се планира конференција на која ќе се доделат награди за добитниците: трофеи, сертификати, беџови, како и можност за презентација на досегашната работа и промоција на образованието на земјата од која доаѓаат кандидатите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива