Охрид, 16. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Слаб снег ќе провејува во текот на целиот ден.
Моментално висината на снежната покривка во Охрид изнесува 3 сантиметри.
Студеното време продолжува, па така, денес температурата во Охрид нема да се искачи над нулата. Дува умерен источен ветер.
Од денес нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и постудена воздушна маса која во наредните денови ќе предизвика претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните делови. Пообилни врнежи се очекуваат во среда кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток, особено во јужните делови. Овие врнежи ќе предизвикаат зголемување на снежната покривка на повисоките места и на планините. (Крај)
извор: ОхридПрес/УХМР фото: архива