Охрид, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ е повторно вклучено во системот за електрично напојување.
ЕВН ја вклучи повторно струјата пред неколку дена откако беше потпишан договор помеѓу компанијата и јавното претпријатие „Билјанини Извори“ кое стопанисува со виталните спортски објекти во Охрид.
– Потпишавме договор со ЕВН за сервисирање на долгот што го имаме по основ на потрошена електрична енергија на одреден број рати. Струјата е вклучена и сите спортски активности се одвиваат бен проблеми. Веднаш штом добивме струја ги информирaвме спортските клубови кои тренираaт во нашиот објект дека можат да продолжат со своите активности, вели директорот на ЈП „Билјанини Извори“ Ристе Мишев.
Поради прекинот во испораката на електрична енергија, изминатите три и пол месеци дел од вработените беа префрлени во канцеларијата на работната единица „Паркинзи“ во центарот на Охрид од каде што ги извршуваа своите работни обврски, а еден дел беа испратени на принуден одмор.
Струјата во спортската сала „Билјанини Извори“ беше исклучена на 11-ти ноември минатата година. Ова претпријатие, по основ на неплатена потрошена електрична енергија и’ должи на ЕВН над осум милиони денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива