Скопје/Охрид, 17. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со цел да го зачуваме нашиот бисер – Охрид, како град на УНЕСКО и да го заштитиме културното и природното наследство, со ребалансот на Буџетот одвојуваме 183 милиони денари за нов Колекторски систем за заштита на Охридското Eзеро, објави премиерот Зоран Заев на неговиот профил на Facebook.
Тоа е за 10 милиони помалку од претходно објавените 193 милиони, кои беа донесени со одлука на Влада од 3-ти септември.
Премиерот Заев интензивирањето, реконструкцијата и доградбата на колекторскиот систем го најави уште во јуни оваа година, за што е формирано државното претпријатие „Колектор“ и се обезбедени 200 милиони денари за санација. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28