Дебрца, 17. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Владата одобри средства за реализиација на втората фаза од реконструкцијата на Задружниот дом во село Требеништа.
Со одлуката во рамките на проектот „Подобрена енергетска ефикасност во јавните објекти во Југозападниот плански регион” одобрени се 3.500.000 денари за подпроектот за реконструкција, информира градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески.
– Со одобрените средства целосно ќе биде завршена реконструкцијата на објектот (приземје и кат и внатрешен и надворешен дел ), без големата сала.По реконструкцијата приземјето ќе се користи како деловен простор, а катот ќе биде адаптиран во изложбен центар на археолошкото наследство на општината, вели Ногачески.
Подпроектот ќе се имплементира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион и се очекува да започне во првиот квартал од 2022 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ФБ/Зоран Ногачески