Скопје/Охрид, 3. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија, на денешната, 17-та седница ја усвои информацијата за финансиски средства за реализација на проектот: Изградба на главен колектор и станица за пречистување на отпадни води во селото Трпејца, Општина Охрид.
Проценетата инвестициона вредност на проектот за изградба на главен колектор и станица за пречистување на отпадни води во селото Трпејца, општина Охрид е 68 милиони денари со вклучен ДДВ и средствата ќе бидат обезбедувани во Буџетот на Министерството за транспорт. Рокот за изведба на планираниот проект би изнесувал околу 8 календарски месеци.
На седницата беше соопштено дека Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства во износ од 21 милион денари за изградба на фекална канализација на дел од улицата „Кленоец“ и изградба на атмосферска канализација на дел од улицата „Кленоец“, Општина Охрид. Планирано е набавката за реализација да започне во месец октомври 2024 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива