Скопје, 31. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија денес ќе одржи седница на која ќе разгледа повеќе предлози.
Помеѓу другото, на дневен ред ќе се најде информацијата за пренамена на средства од проектот за национални патишта, 2. фаза, за изградба на патните правци Охрид-Пештани и Требеништа-Струга.
Според првичните најави, вредноста на изградбата на експресниот патен правец Охрид-Пештани, во должина од 14,5 километри, изнесува 52 милиони евра. Проектот требаше да започне со изведба во првата половина на 2016-та година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27