Скопје, 5. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Владиката Тимотеј во изјава за телевизијата 24 Вести вели дека логично било да ги зголемат цените на услугите на црквата, кога стандардот на македонските граѓани расте.
Оваа изјава следува откако МПЦ објави дека го менува тарифникот, што предизвика негодување кај поголемиот дел од јавноста.
Според новиот тарифник, цената на венчањето во црква е поскапа за две илјади денари и сега чини шест илјади денари со еден свештеник и седум илјади со тројца свештеници. Цената на крштевката порасна за илјада денари и сега изнесува четири илјади денари. Погребот пак, од досегашните 2,5 илјади денари, поскапе за 500 денари и сега чини три илјади денари. (Крај)
извор: 24 вести фото: архива
Прочитано: 106