Владимир Четкар на Водици ќе го издаде новиот албум „Let Us Be“ на сите дигитални музички платформи
јануари 16, 2025

Охрид, 16. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во недела, на 19-ти јануари 2025 година, на празникот Богојавление Водици, нашиот познат гитарист Владимир Четкар ќе го издаде својот нов студиски албум „Let Us Be“ на сите дигитални музички платформи во светот.

Албумот кој досега беше ексклузивно издаден само во Јапонија преку музичката куќа „P-Vine Records“ е четвртиот по ред студиски албум на Четкар во кој тој се јавува како комплетен автор (композитор, аранжер, продуцент, текстописец диригент и изведувач).

„Let Us Be“ е сниман во американските студија „Electrical Audio“ во Чикаго и „Hi-Fi Studios“ во Милвоки со живи гудачки, дувачки и ритам секции. Достапен е и во CD издание, а во Република Македонија ќе може да се купи во музичката продавница „Чув Де Чув“ во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука