Охрид, 17. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нашиот најдобар гитарист и човекот кој стоеше на чело на најголемата македонска група на сите времиња „Леб и сол“ во најдобрите времиња, Влатко Стефановски го снима новиот албум во најпознатото светско рок студио „Abbey Road“ во Лондон, информираат од Баги Комуникации.
Годинава тој прослави јубилеј – 50 години успешна кариера, во која зад себе има импресивни и безвременски хитови, кои ја задолжија македонската музика и култура.
Abbey Road Studios (поранешно EMI Recording Studios) е студио за снимање музика на Abbey Road бр. 3 во Лондон. Основано е во ноември 1931 година од Gramophone Company, претходник на британската музичка компанија EMI, која го поседуваше студиото се’ додека Universal Music Group (UMG) не ја презеде контролата во 2013 година. Најпознат клиент на студиото беа легендарните The Beatles, кои тука снимаа со многу од најиновативните техники што се користеа во 1960-тите години. Во 1976 година, студиото беше преименувано од EMI во Abbey Road.
Македонскиот гитарски виртуоз неодамна и даде сосема нова димензија на песната „Друштвена правила“ на младата Mia Dimšić, музичарката која доаѓа од градот Осиек.
Влатко Стефановски е роден во 1957 година во Прилеп, Република Македонија, каде што ја започна својата музичка кариера како млад гитарист. Првиот значаен успех го постигна култната група Леб и сол, која беше пионер во спојот на традиционалната македонска музика со модерен рок звук. Преку работата со Леб и Соло, Стефановски стана препознатлив по својата исклучителна гитарска техника и креативниот пристап кон музиката.
По распадот на групата Леб и Сол, Влатко се посвети на самостојна кариера и издаде неколку албуми кои го отсликуваат неговиот широк музички опус. Неговата соло кариера опфаќа различни музички жанрови, покривајќи области како џез, блуз, етно-музика, но и дела на акустична гитара. Соработката со врвни музичари ширум светот дополнително го збогати неговиот музички израз. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива/Баги Комуникации