април 23, 2018

Охрид, 23. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Мини депониите и натаму се редовна слика за жителите на Влашка маала, во близина на црквата „Св. Ѓоргија“. Сведоци на оваа „глетка“ се и многубројните граѓани и туристи кои минуваат на улицата „Питу Гули“.

Контејнерите кои се поставени во близина на зградите и куќите се место каде се одлагаат ѓубре и смет, но и кабаст отпад. Несовесни граѓани од други делови на Охрид во текот на ноќните часови токму тука го одлагаат отпадот, па контејнерите, но и просторот околу се полнат со кревети, остатоци од дограма, регали, телевизори, остатоци од уредување на дворовите…

Ова не е првпат жителите од овој дел на градот да се обратат до редакцијата на Супер радио и OhridPress.

gjubre vlaska maala– Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ по нашите реакции доаѓаат и го собираат отпадот, но уште истата вечер веќе има нов, велат граѓаните. Со оглед на тоа што станува збор за многу прометна улица, се поставува прашањето каква порака испраќаме до туристите.

Жителите бараат да реагираат надлежните инспектори и да се стави крај на оваа лоша пракса. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука