Охрид, 4. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – СДСМ и градоначалникот Стојаноски се однесуваат безобразно, неодговорнио и лицемерно оставајќи ги охриѓани без вода подолго од 24 часа, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– Недозволиво е во 21 век да немаме непрекинато и квалитетно снабдување со вода за пиење. Нехумано е на граѓаните и туристите во Охрид да биде им биде ускратено правото на вода како основна животна потреба подолго од 24 часа. Вчера охриѓани го доживеаја најголемиот апсурд и срам, да живеат покрај вода, а да немаат вода за пиење. Ваквото однесување на Локалната самоуправа предводена од СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски не само што е безобразно и неодговорно, истовремено е и лицемерно. Со кое лице ја изгласаа скандалозната одлука за поскапување на цената на водата, а сега граѓаните ги оставаат без вода подолго од 24 часа? Заради лошото менаџирање на ЈП „Проаква“ градот беше предолго парализиран а охриѓани и туристите вратени во 19 век, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат дека жалат што граѓаните и туристите на Охрид ги чувствуваат последиците од неодговорниот однос на ЈП „Проаква“- Водовод Охрид кон нив.
Тие прашуваат каде е да се огласи директорот, зошто Градоначалникот молчи кога градот му е во целосен колапс и дали е ова животот што го ветуваа за охриѓани?
– Се покажа дека партиските вработувања се приоритет во ЈП „Проаква“ – Водовод Охрид со што енормно се зголемуваат трошоците за плати, наместо да се инвестира во механизација и технички кадар, што е спротивно од предизборните заложби на СДСМ кои ветуваа препород на јавните претпријатија, а сме сведоци дека се случува спротивното. Охриѓани заслужуваат подобро. Никој не смее да си поигрува со здравјето и животот на граѓаните. Одговорните лица треба да преземат одговорност и да поднесат оставки или да бидат итно разрешени, стои во дописот до медиумите од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива