Охрид, 11. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Веселата математика на општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиески е идентична со онаа на премиерот Зоран Заев која наидува на потсмев кај здраворазумните луѓе, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– На лагите на СДСМ и општина Охрид им нема крај. Без ни малку срам лажат сушат. Согласно Извештајот за констатирани обврски на општина Охрид изготвен од страна на стручните служби од Министерството за финансии вкупниот долг заклучно со 19 април 2013 година изнесува 2.038.000.000 или со зборови ако не ги разбирате бројките Две милијарди и триесет и осум милиони денари. Општина Охрид предводена од ВМРО-ДПМНЕ за четири години по сите основи исплатила 1.256.837.968 денари. ВМРО-ДПМНЕ се соочи со катастрофална состојба во Општината и општинските јавни претпријатија кои беа со големи наследени долгови. Со одговорно работење и успешно менаџирање враќавме Ваши долгови, за кои никогаш не собравте храброст да им си извините на охриѓани, за разлика од Вас кои враќате долгови со помош на парите од граѓаните. Јавно Ве повикуваме доставете официјален документ од Министерството за финансии каде што ја има точната бројка на долгот? Зошто по секоја цена дозволивте извршувања, на сметка на изостанување на капитални инвестиции во градот ако знаевте дека Владата на РМ дава пари за дел од раздолжувањата? Лажна Ви е математиката затоа што: 1.616.000.000 – 500.000.000 – 260.000.000 – 100.000.000 = 756.000.000. Понатаму, дури и кога би додале и сума од минус 192.000.000 кои биле со договор за исплата, а не се исплатени, тогаш доаѓа завршно, еднакво на 564.000.000, а не 134.000.000 колку што излажавте претходно. Локалната самоуправа предводена од СДСМ е синоним за лаги и измами, лажењето за нив е орден со кој се китат цело време, а бројките и операциите собирање и одземање сѐ уште не ги научиле. Во прилог доставуваме целосни бројки од кои јавноста нека процени кој вистина лаже. Ако сте на правиот пат тогаш треба да се срамите, а не да се гордеете со тоа. Со оваа Локална самоуправа нема напред и Охрид не е на правиот пат, реагираат од партијата.
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес