мај 20, 2021

Охрид, 20. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Кога станува збор за справувањето со дивоградбите Георгиески цело време се крие и молчи. Секогаш се појавува кога се ближат избори, а со тоа го покажува своето лицемерие дека успешно се справува со дивоградбите, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Дали Георгиески ќе го замоли неговиот партнер во Власта за почеток да ја отстрани бетонската база или уште еднаш ќе ја рушат привидно на ден пред избори? Едно е јасно, а тоа е дека Георгиески е селективен само затоа што е уценет и дел од урбаната мафија! Георгиески мирно гледаше како пред негови очи никнуваа дивоградби и не реагираше. Ако Георгиески е транспарентен зошто тогаш го крие Регистарот на дивоградби? Дали руши шанкови затоа што тука не гледа политички и бизнис интереси? Зошто лани пред избори се руши само една плажа и една платформа? Дали тоа не е селективност? Георгиески селективноста ја покажува со тоа што не ги руши дивоградбите од неговото време. Со СДСМ и Георгиески на власт Охрид никогаш нема да биде тргнат од листата на загрозени подрачја на УНЕСКО, стои во реакцијата од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука