септември 14, 2019

Охрид, 14. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески ги разочараа охриѓани. Георгиески не мисли сериозно да го спроведува законот затоа што од една страна се приведуваат тројца градежни работници за работа на објектот, а од друга страна продолжува да се гради истиот објект без никаква дозвола за градба, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Ова е целата вистина за проблемот со дивоградбите во Охрид и негрижата за зачувување на статусот на УНЕСКО. Реалноста е кристално јасно во која додека Георгиески брои секунди се градат дивоградби во Охрид. Како е возможно да се дозволи пред очите на надлежните институции да се градат дивоградбите?
Вистинското лице на Георгиески излезе на виделина со тоа што повторно дозволува да се гради без дозвола исто така како што дозволи да се изградат бетонската база, угостителскиот објект кај Чинарот, хотелот во Лагадин, минарето низ чаршијата и останатите дивоградби низ градот. Откако СДСМ е на власт изградени се стотици дивоградби во Охрид, но тоа градоначалникот Георгиески не го гледа и ја манипулира јавноста насочувајќи ѝ го вниманието на терасите на крајрбрежјето додека низ целиот град никнуваат нови и нови објекти. За жал сè уште се испорачува фактурата за изборниот инжинеринг и коалициските договори на сметка на Охрид, реагираат од шартијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука