август 13, 2019

Охрид, 13. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Актуелните состојби во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ говорат за неуспешноста и неумешноста на СДСМ и нивниот коалиционен партнер ЛДП во раководењето со институцијата, истакна на денешната прес конференција Лидија Петкоска, советник во Градскиот совет и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Иако власта на СДСМ промени тројца директори резултатите се катастрофални, за разлика од периодот кога со оваа установа раководеше стручен и професионален кадар, при што беа одиграни преку сто театарски претстави за време од година и шест месеци, а сегашната бројка изнесува околу триесет за време од две години. Наместо директорот Горан Симоновски преку соопштенија да ја известува јавноста за успехот дека ја претапацирале влезната врата граѓаните треба да знаат: Дали неговиот избор и поставување е со партиски пазарења и политички критериуми наместо професионални? Каква е таа програма изготвена толку брзо за работење на институцијата, која во себе би ги содржела програмските и развојните компоненти за работењето на самата Установа? Зошто Народниот театар Охрид не гостува на релевантни домашни и меѓународни театарски фестивали како „Војдан Черднодрински“? Како може претседател на Управниот Одбор да биде Васко Паскали, актуелен директор на Јавната установа Национален парк „Галичица“? Тоа е спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси и го повикуваме Државниот управен инспекторат тоа да го провери. Ниту Централната власт со премиерот Заев, ниту Локалната со градоначалникот Георгиески не знаат да менаџираат со работите и оперативните политики од културата. СДСМ не работи ништо за успешно развивање на културниот живот и културните содржини во Охрид, истакнаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука