мај 19, 2021

Охрид, 19. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во матрицата на СДСМ и Жаклина Лазаревска е уништувањето човечки судбини, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Над 50 просветни работници се живи сведоци за репресивноста на Власта. На избрканите наставници не само што им фали влакно на главата, туку косата им побеле или попадна, им скративте од устите на нивните деца. СДСМ и Лазаревска немаат храброст да се соочат со вистината, па само претпоставуваат и се кријат зад партиски соопштенија и собраниски говорници. Ако Лазаревска е доблесна ќе престане да одработува за Заев и да води штетни политики. А знае и самата зошто! ВМРО-ДПМНЕ обезбеди компјутер за секое дете, но што обезбеди СДСМ? Устите Ви се полни со дигитализација, а училишта онлајн наставата ја спроведоа најповеќе токму на терет на тој проект што го критикувате. Колку компјутери обезбедивте Вие и колку ученици оставивте надвор од наставата? Но важно е дека Лазаревска се имунизира, а наставниците со физичко присуство сè уште не се повикани на имунизација. Толку од грижата за наставниците! СДСМ и Лазаревска се синоним за срам, мизерија и беда, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука