февруари 8, 2020

Белчишта, 8. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – И по три дена од објавувањето на кварталниот извештај за ЈКП „Дебрца“ каде се гледа како расипнички и недомаќински раководат со јавните установи кадрите на СДСМ се’ уште има молк, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Дебрца.

– Поради тоа уште еднаш ги прашуваме дали го оправдуваат и одобруваат ваквото недомаќинско и расипничко работење каде и покрај зголемувањето на цената на водата за цели 20% прават огромни загуби за непродуктивни трошења. Доколку не го оправдуваат ваквото работење зошто раководството на ОО на СДСМ од Дебрца не побара од градоначалникот Зоран Ногачески разрешување на нивниот директор кој лично тој го назначува за директор во ЈКП „Дебрца“ или ова е синоним за нивното (не)работење во партиципирањето на власта. П.С. Дебрца на прав пат во кафана – реагираат од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука